Францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан го предупреди Израел да не спроведува режим на „апартхејд“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан го предупреди Израел да не спроведува режим на „апартхејд“ (расна дискриминација) против арапското население

1644332
Францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан го предупреди Израел да не спроведува режим на „апартхејд“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан учествуваше во програмата на еден телевизиски канал кадешто во дадените изјави овде го предупреди Израел да не спроведува режим на „апартхејд“ (расна дискриминација) против арапското население.

Ле Дријан потсетувајќи на настаните во градот Лод во Израел истакна дека за време на израелско-палестинската тензија за прв пат дојде до судир помеѓу народите кои живеат во израелските градови.

Велејќи „Тоа покажува дека доколку во иднина се усвојат други решенија од решението со две држави ќе има и долгорочни елементи на апартхејд“, Ле Дријан напомена дека доколку Израел продолжи да делува со логиката на единствена држава или во правец на зачувување на состојбата на статус кво, постои голем ризик од апартхејд.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан воедно нагласи дека треба наново да се заживее мировниот процес на Блискиот исток, со тоа што ќе се започне со фрлање на мали чекори и ќе се изгради довербата помеѓу страните, Израелците и Палестинците.

Во меѓувреме, во објавената главна колумна во весникот „Ле Монд“, едниот од водечките информативни органи на Франција, зазеде место проценка во која се наведува дека постепено станува сѐ посоодветно за системот на притисок што го применува Израел во Палестина да се користи изразот „апартхејд“.

Во градот Лод во југоисточниот дел на израелскиот главен град Тел Авив еден вооружен Евреин уби еден Палестинец, а рани двајца Палестинци.

Арапското население во истиот град пак, одржа протести за поддршка на Ерусалим (Кудс) и Месџид-и Акса, додека израелската полиција притвори голем број Палестинци кои учествуваа на протестите.

 



Слични вести