Бројот на загинатите при откината кабина од жичарница во Италија се зголеми на 14 лица

Бројот на загинатите во несреќата при откинување на кабина од жичарницата која ги поврзува градот Стреса и планината Мотароне во северниот дел на Италија, се зголеми на 14 лица

1644327
Бројот на загинатите при откината кабина од жичарница во Италија се зголеми на 14 лица

Бројот на загинатите при пад на кабина на жичарницата која ги поврзува градот Стреса и планината Мотароне во северниот дел на Италија, се зголеми на 14 лица, а едно 5 годишно дете кое е тешко повредено во несреќата се наоѓа на лекување во болница.

Во објавеното соопштение од Италијанската национална единица за пребарување и спасување на алпинисти и рудари се истакнува дека не можеше да се спаси и 9 годишното дете кои е тешко повредено и веднаш по несреќата со амбулантен хеликоптер е префрлено на лекување во болницата во градот Торино.

На тој начин бројот на загинатите во несреќата се зголеми на 14 лица, а едно 5 годишно дете кое е тешко повредено во несреќата се наоѓа на лекување во болница.

Како што се истакнува во откинатата кабина на жичарницата се наоѓале 15 лица.

Според добиени информации, кабината се откинала од жичарницата во шумски предел на околу 300 метри пред пристигнувањето на својата дестинација во Мотароне.

Италијанскиот претседател Серџио Матарела, италијанскиот премиер Марио Драги, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен објавија пораки со сочувство и го изразија своето длабоко жалење поради несреќата.

Во врска со несреќата е започната истрага.

Инаку, несреќата се случи вчера попладне на жичарницата која ги поврзува градот Стреса на брегот на езерото Маџоре и градчето Монтароне на врвот на истоимената планина со надморска височина од околу 1.400 метри.

 



Слични вести