Во единаесетдневните израелски напади врз Газа загинаа 248 Палестинци од кои 66 деца и 39 жени

Палестинското министерство за здравство соопшти дека бројот на загинатите Палестинци во единаесетдневните израелски напади во Газа се зголеми на 248 лица од кои 66 деца и 39 жени, аповеќе од 1.948 лица се ранети

1643639
Во единаесетдневните израелски напади врз Газа загинаа 248 Палестинци од кои 66 деца и 39 жени

Бројот на загинатите Палестинци во единаесетдневните напади на израелската армија врз блокираниот Појас Газа коишто беа започнати на 10 мај и забршија прексиноќа со постигнатиот прекин на огнот со Хамас, се зголеми на 248 лица.

По прекинот на нападите на Израел врз Газа се интензивирани активностите за пребарување и спасување на екипите за цивилна одбрана и здравство во Газа.

Палестинското министерство за здравство објави ново соопштение во врска со човечките загуби во единаесетдневните израелски напади врз Газа во кое се истакнува дека бројот на загинатите Палестинци во нападите се зголеми на 248 од кои 66 деца и 39 жени, а повеќе од 1.948 лица се ранети.



Слични вести