Стапи на сила Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

По стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот, Палестинците во Појасот Газа и окупираниот Западен брег излегоа на улиците и се радуваа на веста

1642961
Стапи на сила Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Во 02:00 часот стапи на сила договорот за „меѓусебен и истовремен прекин на огнот“ меѓу Израел и Хамас кој беше постигнат со посредство на Египет.

Во израелските медиуми беше објавена информација дека Израелскиот безбедносен кабинет го прифати гласањето за ставање крај на нападите во појасот Газа кои продолжуваат од 10 мај, кој се наоѓа под блокада.

Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри исто така ја потврди информацијата дека прекинот на огнот со Израел во Појасот Газа ќе започне вечерва во 02:00 часот, по локално време.

На само еден час пред прекинот на огнот, израелските воени авиони продолжија да го напаѓаат појасот Газа.

Ерусалимските воени операции, вооруженото крило на Движењето исламски џихад, исто така објавија дека во знак на одговор на нападите, истрелале ракети врз регионите околу Газа.

Од друга страна, по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот, Палестинците во Појасот Газа и окупираниот Западен брег излегоа на улиците и се радуваа на веста.

Стотици млади луѓе во различни градови на Појасот Газа излегоа на улиците во градовите на Западниот брег, особено Рамала и извикуваа пароли за поддршка на палестинските групи на отпор во Газа.

Палестинската младина ја изрази својата радост за прекинот на огнот извикувајќи пароли „Поздрав од Рамала до нашата чесна Газа“, „Фетах, Исламски џихад и Хамас, вашето единство не направи горди“.

Во израелски напади врз Газа кои траат од 10 мај, загинаа 232 Палестинци, од кои 65 деца и 39 жени.



Слични вести