ОН: Израел го попречува доставувањето на хуманитарна помош на Појасот Газа

Советникот за медија на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) Аднан Ебу Сасна истакна дека Израел го одбива доставувањето на хуманитарна помош на Газа преку граничниот премин Керм Ебу Салим

1642074
ОН: Израел го попречува доставувањето на хуманитарна помош на Појасот Газа

Обединетите нации (ОН) соопштија дека Израел го попречување доставувањето помош на Газа преку граничниот премин Керм Ебу Салим.

Советникот за медија на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) Аднан Ебу Сасна истакна дека Израел го одбива доставувањето на хуманитарна помош на Газа преку граничниот премин Керм Ебу Салим и дека камионите натоварени со помош се враќаат назад од границата. 

Освен тоа, Ебу Хасна рече дека израелските функционери не му дозволуваат на комесарот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) да влезе во Појасот Газа.

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации одговорен за хуманитарни работи Марк Лоукук вчера го изјави следното: „Чувствувам голема загриженост од прекумерното често израелско бомбардирање на Газа. Нема ниту едно безбедно место во Газа кадешто 2 милиони луѓе 13 години како присилно се изолирани со останатиот дел на светот.“



Слични вести