Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 220 од кои 63 се деца

Во нападите коишто ги реалиизира Израел врз Појасот Газа од 10 мај досега животите ги загубија 220 лица од кои 63 се деца и 36 жени, а повеќе од 1.500 лица се ранети

1641881
Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 220 од кои 63 се деца

Бројот на загинатите во нападите коишто ги реализира Израел врз Појасот Газа од 10 мај досега се зголеми на 220 лица од кои 63 се деца и 36 жени, а повеќе од 1.500 лица се ранети.

Изарелската армија продолжува да го бомбардира од воздух и од копно Појасот Газа кадешто живеат повеќе од 2 милиони лица.

Вчера во вечерните часови израелската армија изврши силен напад врз областите на градовите Хан Јунус и Рефах во јужниот дел на Газа.

Во нападот загина едно лице, а 7 лица се ранети.

Воедно и во реализиран ракетен напад на една зграда во центарот на Газа загинаа 2 лица, а двајца се ранети.

Заедно и со последните напади во нападите на Израел врз Газа од 10 мај досега животите ги загубија 220 Палестинци од кои 63 се деца и 36 жени, а се ранети повеќе од 2.500 лица.

Од друга страна, како одговор на израелските напади палестинските групи на отпорот продолжуваат да истрелуваат ракети од Газа кон Израел.

Во истреланите ракети од Газа врз Израел од почетокот на израелските напади досега загинаа 12 Израелци. 

Во меѓувреме, за време на интервенцијата на израелските сили на протестите коишто се одржуваат за поддршка на Појасот Газа, во различни области на окупираниот Западен Брег се застрелани и убиени со вистински куршуми четворица Палестинци.

Во објавеното соопштение од палестинската Црвена полумесечина се истакнува дека за време на интервенцијата од страна на израелските војници се повредени повеќе од 503 Палестинци од кои 182'јца, со вистински куршуми, 195 мина со гумени куршуми, 120 поради паѓање или изгорени и 6 мина со здобиени телесни повредени.

Во соопштението се вели дека воедно 931 Палестинец останале без здив поради употребениот солзавец од страна на израелските сили.

 



Слични вести