Во израелските напади врз Појасот Газа од 10 мај досега загинаа 212 лица од кои 61 дете

Бројот на загинатите во израелските напади врз Појасот Газа од 10 мај досега се зголеми на 212 лица меѓу кои се наоѓаат и 61 дете и 36 жени, а повеќе од 1.400 лица се ранети

1641113
Во израелските напади врз Појасот Газа од 10 мај досега загинаа 212 лица од кои 61 дете
israil hava saldırıları gazze 07.jpg
israil gazze saldiri cocuk.jpg
gazze.jpg
gazze.jpg
gazze.jpg
gazze.jpg
israil hava saldırıları gazze 10.jpg
israil hava saldırıları gazze 08.jpg
israil hava saldırıları gazze 09.jpg
israil hava saldırıları gazze 03.jpg
israil hava saldırıları gazze 01.jpg
gazze saldırıları (27).jpg
israil gazze saldiri kurtarma.jpg
gazze saldırıları (24).jpg

Бројот на загинатите во израелските напади врз Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада, од 10 мај досега се зголеми на 212 лица меѓу кои се наоѓаат и 61 дете и 36 жени, а повеќе од 1.400 лица се ранети.

Израелската армија продолжува да го бомбардира од воздух и од копно Појасот Газа кадешто живеат повеќе од 2 милиони лица.

Вчера од страна на израелската армија беше реализиран ракетен напад врз горните спратови на една шестспратна зграда во маалото Римал во северниот дел на Газа.

Во овој напад загинаа две лица од кои едно дете, а голем број лица се ранети.

Исто така и во еден друг реализиран напад од страна на Израел во маалото Римал е срамнета со земја една друга шестспратна зграда, а десетици згради наоколу се оштетени и доведени во неупотреблива состојба.

Израелската армија и синоќа ги продолжи воздушните напади врз Појасот Газа кадешто како последно беа реализирани низа воздушни напади врз некои цивилни објекти, земјоделски поседи и еден безбедносен центар.

Израелски воени авиони бомбардираа еден безбедносен центар во владиниот комплекс „Ел-Енсар“ во западниот дел на Газа и објект во кој се наоѓаше канцеларија на палестинските затвореници.

Освен тоа, цел на воздушните напади на Израел беа и една куќа во маалото Ел-Маквиси во западниот дел на Газа и една куќа и еден стан во маалото Еш-Шуџаије во источниот дел на градот.

Во нападите се ранети голем број лица кои се префрлени на лекување во болници.

Во северниот дел на Газа пак, израелската армија истрела ракета врз еден земјоделски посед по што во областа избувна пожар.

 



Слични вести