Телефонски разговор помеѓу Бајден и Нетанјаху посветен на израелско-палестинската криза

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа се истакнува дека, американскиот претседател Бајден во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Нетанјаху ја доставил својата силна поддршка на правото на Израел на самоодбрана пред ракетните напади

1641164
Телефонски разговор помеѓу Бајден и Нетанјаху посветен на израелско-палестинската криза

Американскиот претседател Џо Бајден оствари телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху на кого му рече дека го поддржува прекинот на огнот во регионот.

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа се истакнува дека, американскиот претседател Бајден во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Нетанјаху ја доставил својата силна поддршка на правото на Израел на самоодбрана пред ракетните напади.

Во соопштението се вели дека Бајден ги дочекува со задоволство напорите за покажување заинтересираност во врска со насилството меѓу општествата и воспоставувањето на мирот во Ерусалим (Кудс), а воедно се истакнува следното: „Бајден, го поттикна Израел за да направи сѐ што е во негова можност за заштита на невините цивили.“

Во истото соопштение се наведува дека Бајден и Нетанјаху направиле проценка и на воените операции на Израел врз палестинските групи во Газа и Хамас и се споделува следната информација: „Претседателот Бајден ја изнесе својата поддршка на прекинот на огнот и на дијалогот на САД со Египет и другите нивни партнери, на патот што води кон прекин на огнот.“

Исто така Бајден и Нетанјаху во телефонскиот разговор постигнаа согласност за продолжување на блискиот контакт меѓу нив и нивните екипи во текот на процесот.

 



Слични вести