САД повторно спречија Советот за безбедност на ОН да објави заедничко соопштение за израелско-палестинската криза

Соединетите Американски Држави (САД) повторно спречија Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) да објави заедничко соопштение во врска со израелско-палестинската криза

1641119
САД повторно спречија Советот за безбедност на ОН да објави заедничко соопштение за израелско-палестинската криза

Соединетите Американски Држави (САД) повторно спречија Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) да објави заедничко соопштение во врска со израелско-палестинската криза.

Кина, како земја која претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации во мај и привремените членки Норвешка и Тунис, покренаа нова иницијатива за преземање на заеднички чекор по одржаната трета седница на Советот за безбедност.

Притоа беше истакнато дека се чувствува загриженост од растечката тензија помеѓу Израел и Палестина, израелските напади врз Газа, цивилните жртви и протерувањето на палестинските семејства од нивните домови, поради што Советот за безбедност посака да објави заедничко соопштение во кое се повикува на смирување на тензиите помеѓу Израел и Палестина.

Меѓутоа, според добиени информации од дипломатски извори, САД повторно го спречија Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) да преземе чекор во оваа насока.

Американски официјални претставници, застанувајќи во одбрана на тоа дека објавувањето на заедничко соопштение од страна на Советот за безбедност на обединетите нации (СБ на ОН) нема да помогне во решавањето на присутната криза, велат дека тие ги продолжуваат „интензивните дипломатски напори“ за решавање на кризата.

 



Слични вести