Демократката Илхан Омар покажа реакција против администрацијата на Бајден за одобрената продажба на оружје на Израел

Демократката Илхан Омар, муслиманка членка на Конгресот, покажа реакција против администрацијата на претседателот Џо Бајден која кусо време пред израелските напади врз Газа, одобри продажба на оружје на Израел во износ од 735 милиони долари

1641157
Демократката Илхан Омар покажа реакција против администрацијата на Бајден за одобрената продажба на оружје на Израел

Демократката Илхан Омар, муслиманка членка на Претставничкиот дом (Конгресот) на Соединетите Американски Држави (САД) покажа реакција против администрацијата на претседателот Џо Бајден која  кусо време пред израелските напади врз Газа, одобри продажба на оружје на Израел во износ од 735 милиони долари.

Критикувајќи ја администрацијата на Бајден која одобри продажба на прецизно водени ракети на Израел, Омар која инаку е една од првите жени муслиманки пратеници во Конгресот на САД, го рече следното: „Би било шокантно за администрацијата на Бајден по ескалацијата на насилството и нападите врз цивилите, да се дозволи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, безусловно да му се продаде прецизно водено оружје во износ од 735 милиони долари.“

„Доколку оваа продажба биде одобрена, тоа ќе значи зелено светло за продолжување на насилството и поткопување на напорите за прекин на огнот“- рече Илхан Омар и додаде дека откако ги видела нападите на Израел врз цивилите, американската администрација треба да го преиспита одобрувањето на продажбата на оружје.

Инаку, во веста на весникот „Вашингтон пост“ ослонувајќи се на извори од Конгресот, се наведува дека администрацијата на Џо Бајден на 5 мај го известила Конгресот дека на Израел му е одобрена продажба на ракети со прецизно водење, познати и како муниција за директен напад (JDAM) во вредност од 735 милиони долари.

Во веста, во врска со оваа продажба се вели дека ова известување се чува во Конгресот на 15-дневен процес за негова проценка, при што се наведува дека некои Демократи членови на Конгресот, се вознемирени поради оваа продажба и бараат информации во врска со деталите на договорот.

Во период кога продолжуваат нападите на Израел врз Палестинците голем број членови на Конгресот од Демократската партија ја изнесуваат својата реакција на политиките на администрацијата на Бајден кон Израел.

 



Слични вести