Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 213 лица

Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на загинатите во реализираните напади на Израел врз Појасот Газа од 10 мај досега се зголеми на 213 лица од кои 61 дете. Во нападите се ранети повеќе од 1.442 лица

1641680
Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 213 лица
gazze.jpg
gazze.jpg
gazze.jpg

Цел на израелските воени авиони кои реализираа напади врз различни области на Појасот Газа беа една џамија и 12 цивилни населени места при што беа ранети голем број лица.

Како резултат на силното бомбардирање врз маалото Римал во западниот дел на Газа беа доведени во неупотреблива состојба неколку згради.

Како што се истакнува меѓу бомбардираните згради се наоѓа и една шестспратна зграда во близина на неколку училишта на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и на Исламскиот Универзитет.

На најдолниот спрат на бомбардираната зграда се наоѓала една џамија, а на другите спратови центри за едукација.

Според добиени информации, во реализираниот напад на израелската армија врз маалото Римал има голем број ранети.

Освен тоа, израелски воени авиони ги бомбардираа и цивилните населени места во градовите Рефах и Хан Јунус. Цел на нападите беа и крајбрежните области и земјоделските површини.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на загинатите во реализираните напади на Израел врз Појасот Газа од 10 мај досега се зголеми на 213 лица од кои 61 дете. Во нападите се ранети повеќе од 1.442 лица,

Воедно и во интервенциите на израелските сили на одржаните протести во Западниот Брег за поддршка на Газа животите ги загубија 23'јца Палестинци.

Тензијата во регионот се зголеми по нападите на израелската полиција врз верниците за време на месецот на муслиманскиот пост Рамазан во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) и обидите за протерување на палестинските семејства од нивните домови во маалото Шејх Џерах.

 



Слични вести