Реакции против Израел од вонредниот министерски состанок на Организацијата за исламска соработка

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф бин Ахмед ел-Усејмин упати повик до меѓународната заедница за „преземање на морална, човечка и правна одговорност“ за нападите на израелските сили врз Палестинците

1640396
Реакции против Израел од вонредниот министерски состанок на Организацијата за исламска соработка

Вонредниот состанок на Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС) со отворено учество на ниво на министри за надворешни работи, организиран на иницијатива на Турција, се одржа преку видео-конференција.

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф бин Ахмед ел-Усејмин упати повик до меѓународната заедница за „преземање на морална, човечка и правна одговорност“ за нападите на израелските сили врз Палестинците коишто продолжуваат од 10 мај.

Усејмин го рече следното: „Освен нападите, насилното одземање на имотите на Палестинците, повикот до сопствениците на имотите за евакуација од нивните територии, претставува негирање на нивните легитимни права и тоа не е во услуга на мировниот процес. Спротивно на тоа ги попречува искрените напори по прашањето на постигнување на праведно, сеопфатно и трајно решение.“

Јорданскиот министер за надворешни работи Ејмен ес-Сафеди кој учествуваше на состанокот истакна дека приндувањето на иселување од страна на Израел на жителите на маалото Шејх Џерах во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) претставува воено злосторство коешто меѓународната заедница не дозволува да се изврши.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши, во говорот што го одржа на состанокот ја повика меѓународната заедница за итна интервенција и преземање на неопходните мерки за стопирање на зулумот (злосторството) што го спроведува Израел против незаштитените Палестинци.

Тој нагласи дека страшно е влошена ситуацијата на окупираните палестински територии поради нелегалните акти, колонијалните политики, агресијата, опсадата и колективните казнувања на Израел.

„Не постојат моќни зборови со кои може да се осудат систематските и варварските злосторства против Палестинците.“ - рече Курејши.

Шах Махмуд Курејши исто така истакна дека не може да се оправдуваат или да се негираат последните агресии на Израел и дека ја повторуваат нивната решителна солидарност со палестинскиот народ и палестинската Влада.

Тој рече дека ја ценат храброста на палестинскиот народ против израелскиот зулум, дека силно ги осудуваат нападите врз невините верници кои го извршуваа својот верски обред (клањаа намаз) во Месџид-и Акса и дека ги осудуваат израелските бомбардирања коишто продолжуваат врз Газа.

Курејши изрази длабока загриженост поради проширувањето на израелските населби на окупираните палестински територии, како и поради протерувањето на Палестинците од нивните имоти.

Како што рече тој, присилното иселување на Палестинците од маалото Шејх Џерах во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) е нелегално, неморално и неприфатливо.

Курејши истакна дека меѓународната заедница треба да ги заштити Палестинците од овие прекршувања.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши нагласи дека веднаш треба да бидат прекинати бомбардирањата врз Газа и дека израелските злосторства против човештвото не треба да останат неказнети.

Укажувајќи на рушењето на зградата во реализиран воздушен напад од страна на Израел во која се наоѓаа и канцелариите на меѓународни медиуми, Курејши рече дека се неприфатливи иницијативите на Израел за замолчување на медиумите.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики во својот говор на вонредниот состанок на Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС), организиран на иницијатива на Турција на ниво на министри за надворешни работи, исто така истакна дека Израел со блокадата врз појасот Газа извршува злосторство и спроведува насилство против овдешниот народ.

„Варварските бомбардирања коишто продолжуваат врз Газа, станаа причина за раселување на повеќе од 10 илјади граѓани на Палестина и рушење на стотици куќи насекаде во областа.“ - рече Малики.

 



Слични вести