Протести во различни земји низ светот против израелските напади врз Палестинците

Во главниот град на Германија, Берлин во организација на Европското младинско здружение на Германија (АГД) и палестинските здруженија се собраа голем број лица во знак на протест против нападите на Израел врз Палестинците и за солидарност со Палестинците

1640436
Протести во различни земји низ светот против израелските напади врз Палестинците

Во голем број земји ширум светот продолжуваат да се одржуваат протести против израелските напади врз Палестинците во Месџид-и Акса и Појасот Газа.

Во главниот град на Германија, Берлин во организација на Европското младинско здружение на Германија (АГД) и палестинските здруженија се собраа голем број лица во знак на протест против нападите на Израел врз Палестинците и за солидарност со Палестинците.

Учесниците на протестот со повеќе од 500 возила се собраа на местото на Споменикот на победата.

Возилата беа украсени со турски и палестински знамиња, а потоа оттука во конвој возилата се движеа од плоштадите Ораниен и Херман преку квартот Неукелн до улицата Зигра.

Протестирачите извесно време застанаа пред германската медиумска компанија Аксел-Спрингер во чиј склоп се наоѓаат весниците „Билд“ и „Велт“ и овде ги критикуваа политиките на овие весници. 

Во главниот град на Холандија, Амстердам, во организација на различни групи на чело со Комитетот на Палестинците во Холандија (НПК) приближно две илјади лица се собраа на плоштадот „Дам“ и покажаа реакција против острата интервенција и нападите на Израел во Источен Ерусалим (Кудс) и во Појасот Газа. 

На протестот беа отворени палестински знамиња и беа читани дови (молитви) за загинатите во израелските напади.

Во главниот град на Грција, Атина, на повик на Грчката комунистичка партија (ККЕ) се собраа приближно 5 илјади лица кои одржаа протест пред зградата на Министерството за одбрана. 

По одржаните говори против војната и Израел, протестирачите најпрвин маршираа кон Амбасадата на Израел во Атина, а оттаму се упатија кон Амбасадата на САД.

Протестирачите извикуваа слогани „Проклет да е Израел“, „Убиец Израел“, „Слобода за Палестина“.

Во Шведска ист така стотици млади организирани преку социјалната медија се собраа пред Амбасадата на Палестина во Стокхолм.

Овде младите извикваа слогани „Бојкот за Израел“, „Израел ги убива нашите деца“, „Убиец Израел“, „Слобода за Палестина“.

Младите извикуваа слогани и пред Амбасадата на Израел во Стокхолм по што се разотидоа.



Слични вести