Продолжуваат израелските напади врз Газа: Бројот на загинатите се зголеми на 197

Бројот на загинатите во израелските напади коишто продолжуваат врз Појасот Газа се зголеми на 197 лица од кои 58 се деца и 34 жени, додека повеќе од 1.235 лица се ранети

1640469
Продолжуваат израелските напади врз Газа: Бројот на загинатите се зголеми на 197

Израелски воени авиони синоќа бомбардираа голем број места во јужните, западните и северните делови на Газа.

Цел на израелските авиони беа цели на палестинските сили за отпор, земјоделските поседи, улиците и инфраструктурата, а во нападите беа срушени и некои безбедносни центри во јужните и западните делови на Газа.

Во нападите е причинета голема штета и во цивилни згради и куќи, како и на улиците, а воедно се оштетени и канализационата, водоводната и електричната мрежа и во некои места е прекината електричната струја. 

Израелски воени авиони синоќа бомбардираа и некои куќи и земјоделски поседи во градовите Рефах и Хан Јунус на југот на Газа. Исто така и од израелските воени бродови беше отворен оган врз крајбрежните делови на Газа. 

Во овие напади се срушени две куќи во Дејр ел-Белах и во Газа.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од Бригадите Изедин ал Касам, военото крило на Хамас, се истакнува дека во знак на одмазда против израелските напади врз цивилите се истрелани ракети врз израелските градови Бершеба и Аскалан и други населени места.

Воедно и военото крило на Движењето Исламски џихад соопшти дека како одговор на израелските напади врз цивилите во Газа, се реализирани интензивни ракетни напади врз израелските градови Сдерот, Нетивот и Ханегев.

Од друга страна, постепено станува се потежок билансот во Појасот Газа кој од 10 мај е бомбардиран од воздух и од копно од страна на Израел.

Бројот на загинатите во израелските напади коишто продолжуваат врз Појасот Газа се зголеми на 197 лица од кои 58 се деца и 34 жени, додека повеќе од 1.235 лица се ранети.

Израел вчера во Појасот Газа бомбардираше и две згради на министерствата за труд и социјален развој.

Министерството за здравство во Газа исто така соопшти дека од страна на Израел со две ракети е погоден и еден здравствен центар и дека во зградата е причинета голема штета.

Во меѓувреме, израелски воени авиони бомбардираа и една фабрика за сунѓер во северниот дел на Појасот Газа.

Според објавеното соопштение од Службата за цивилна одбрана во Газа, фабриката за сунѓер во источниот дел на бегалскиот камп Џебалије беше бомбардирана од страна на израелски воени авиони со фосфорни бомби.

Во фабриката во која се наоѓаа запаливи материјали по нападот избувна голем пожар и почна да се издигнува густ чад од областа.

Како што се истакнува пожарникарните екипи се соочиле со тешкотии за ставање под контрола на пожарот, а воедно биле вложени големи напори за да се спречи пламените јазици да се прошират и на околните згради.

Израел и пред два дена бомбардира една фабрика во Бејт Лахаја кадешто исто така избувна голем пожар.

Од друга страна, за време на интервенцијата на израелските окупаторски сили на протестите за поддршка на Појасот Газа кој продолжува да е подложен на напади, во различни области на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) се ранети со вистински и гумени куршуми 112 Палестинци.

За време на интервенцијата на израелските сили на протестите коишто се одржуваат во Западниот Брег за поддршка на Газа, од 10 мај досега животите ги загубија 19 Палестинци.

 



Слични вести