Израел продолжува да го бомбардира Појасот Газа: Бројот на загинатите се зголеми на 200 лица

Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на загинатите во израелските напади се зголеми на 200 лица од кои 59 се деца и 35 жени, а повеќе од 1 307 лица се ранети

1640889
Израел продолжува да го бомбардира Појасот Газа: Бројот на загинатите се зголеми на 200 лица

Бројот на загинатите во израелските напади коишто продолжуваат да се реализираат врз Газа се зголеми на 200 лица од кои 59 се деца и 35 жени, а повеќе од 1.307 лица се ранети.

Израелската армија продолжува да го бомбардира од воздух и од копно Појасот Газа кадешто живеат повеќе од 2 милиони лица.

Според објавеното соопштение од Министерството за здравство во Газа, во реализираните напади на Израел врз Појасот Газа од 10 мај досега животите ги загубија 200 Палестинци од кои 59 се деца и 35 жени, а бројот на ранетите се зголеми на над 1.307 лица.

Како што се истакнува од 398 од ранетите се деца, а воедно здравствената состојба на 46 од префрлените ранети во болници на лекување е тешка.

Од друга страна, палестинските групи за отпор во Газа против нападите на Израел продолжуваат да реализираат ракетни истрели.

Една од тие истрелани ракети попладне од Газа падна врз една зграда во градот Ашдод на југот на Израел, при што полесно се ранети 3 лица.

Поради истреланите ракети од Газа врз Израел досега животите ги загубија 10 лица.

Во меѓувреме, за време на интервенцијата на израелските сили на протестите за поддршка на Појасот Газа кој продолжува да е подложен на напади, во различни области на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), 112 Палестинци се ранети со вистински и гумени куршуми.

За време на интервенцијата на израелските сили на протестите коишто се одржуваат во Западниот Брег за поддршка на Газа од 10 мај досега животите ги загубија 19 Палестинци.

 



Слични вести