Бозкир: Генералното собрание на ОН ќе се состане на 20 мај, во четврток за израелските напади врз Палестина

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкир информира дека Генералното собрание на ОН ќе се состане во четврток (20 мај 2021 година) наутро во 10:00 часот за разгледување на нападите на Израел врз Палестина

1640988
Бозкир: Генералното собрание на ОН ќе се состане на 20 мај, во четврток за израелските напади врз Палестина

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека Генералното собрание на ОН ќе се состане во четврток (20 мај 2021 година) наутро во 10:00 часот за разгледување на нападите на Израел врз Палестина.

Бозкир во соопштението го напиша следното: „На барањето коешто е изнесено во писмото со заеднички потпис на постојаните претставници на Алжир во име на Нигер и Арапската група во име на Организацијата за исламска соработка (ОИС), ќе го состанам Генералното собрание на ОН на 20 мај, во четврток во 10:00 часот за разгледување на очајната ситуацијата на окупираните палестински територии.“

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) што ќе се одржи по нападите на Израел врз Палестина ќе учествува и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Инаку, во израелските напади врз Појасот Газа коишто продолжуваат од 10 мај досега животите ги загубија 202 Палестинци од кои 60 се деца и 35 жени, повеќе од 1.305 лица се ранети, а десетици згради се уништени или оштетени.

Во истреланите ракети од Појасот Газа кон Израел пак, загинаа 10 Израелци.



Слични вести