Амнести Интернешнл: Израелските напади врз цивилите се воено злосторство

Амнести Интернешнл соопшти дека чувствуваат длабока загриженост од порастот на бројот на загинатите во израелските напади врз Газа и дека директните напади врз цивилите се воено злосторство

1640692
Амнести Интернешнл: Израелските напади врз цивилите се воено злосторство

Амнести Интернешнл со седиште во Велика Британија соопшти дека чувствуваат длабока загриженост од порастот на бројот на загинатите во израелските напади во Газа и дека директните напади врз цивилите се воено злосторство. 

Во објавеното соопштение од организацијата се вели следното: „Чувствуваме длабока загриженост од порастот на бројот на загинатите. Меѓународниот кривичен суд треба да го истражува нападот што го изврши Израел во сабота во бегалскиот камп Шати во кој загинаа 2 жени и 8 деца. Директните напади против цивилите се воено злосторство.“

Инаку, во реализираните напади од страна на Израел вчера врз Појасот Газа животите ги загубија 10 Палестинци од кои 2 жени и 8 деца членови на семејствата Ебу Хатаб и Ел Хадиди кои отишле во куќата на еден нивен роднина во бегалскиот камп Шати за честитање на Бајрам.

Од друга страна, постепено станува се потежок билансот во Појасот Газа кој од 10 мај е бомбардиран од воздух и од копно од страна на Израел.

Бројот на загинатите во израелските напади коишто продолжуваат врз Појасот Газа се зголеми на 197 лица од кои 58 се деца и 34 жени, повеќе од 1.235 лица се ранети, а десетици згради се целосно срушени или оштетени и доведени во неупотреблива состојба. 

Израел вчера во Појасот Газа бомбардираше и две згради на министерствата за труд и социјален развој.

Министерството за здравство во Газа исто така соопшти дека од страна на Израел со две ракети е погоден и еден здравствен центар и дека во зградата е причинета голема штета.

 



Слични вести