Протест во Вашингтон во САД за поддршка на Палестина и реакција против Израел

Во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон се одржа протест за поддршка на Палестина и реакција против Израел

1640067
Протест во Вашингтон во САД за поддршка на Палестина и реакција против Израел

Илјадници лица кои вчера се собраа во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон, во знак на поддршка на Палестина и реакција против Израел од споменикот на Џорџ Вашингтон маршираа до зградата на Конгресот.

Учесниците на протестот кои се собраа пред споменикот на Џорџ Вашингтон во центарот на градот и во своите раце носеа палестински знамиња извикуваа слогани „Слобода за Палестина“.

Протестирачите покажаа реакција против Израел и управата на САД која останува безгласна пред нападите на Израел врз Палестинците. 

Учесниците на протестот маршот го започнаа од споменикот на Џорџ Вашингтон и го завршија пред зградата на Конгресот на САД.

Протестот за поддршка на Палестина којшто траеше приближно 3 часа заврши без инциденти.

 



Слични вести