Повик од ОН за ставање крај на израелско-палестинската криза и враќање на преговорите

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик до Израел и Палестина веднаш да стават крај на „бесмислениот циклус на крвопролевање, терор и разрушување и уништување“ и да се вратат на преговорите за решение со две држави

1640299
Повик од ОН за ставање крај на израелско-палестинската криза и враќање на преговорите

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик до Израел и Палестина веднаш да стават крај на „бесмислениот циклус на крвопролевање, терор и разрушување и уништување“ и да се вратат на преговорите за решение со две држави.

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) се состана по трети пат за разгледување на тензијата помеѓу Израел и Газа која постепено се зголемува и за воздушните напади на Израел врз Газа.

Гутерес во своето обраќање пред Советот преку видео-конференција, истакна дека смртта и разрушувањата во Газа и Израел ја гаснат надежта за заедничко живеење и мир и дека веднаш треба да се стави крај на судирите.

„Од една страна ракетите и гранатите, а од друга страна воздушните напади и артилерискиот оган, мора да престанат веднаш.“ - рече Тој.

Велејќи дека Обединетите нации (ОН) ги продолжуваат разговоирте со сите страни, Гутерес истакна дека е западнат во ужас од палестинските цивилни загуби во Газа меѓу кои гинат и деца и жени, а воедно рече дека чувствува жалење и од смртта на Израелците кои гинат поради истреланите ракети од Газа.

Антонио Гутерес предупреди дека доколку продолжат судирите може да дојде до „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“ во регионот.

Тој привлече внимание и на тоа дека крајно загрижува и бомбардирањето и уништувањето на канцелариите на новинарите во Газа и го рече следното: „Треба да им се дозволи на новинарите да работат без страв и без да бидат вознемирени.“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик до Израел и Палестина веднаш да стават крај на „бесмислениот циклус на крвопролевање, терор и разрушување и уништување“ и да се покажува почит кон меѓународното хуманитарно право и човековите права.

„Единствениот пат пред нас е да се врати на преговорите за решение со две држави, коешто ќе се потпира на резолуциите на Обединетите нации (ОН), меѓународното право и претходно потпишаните договори, со главен град на Ерусалим (Кудс) и на двете држави, со меѓусебно признавање и заедничко живеење на страните во мир и безбедност. Онолку колку што ќе трае долго овој циклус на спирала, ќе биде толку тешко и да се постигне конечната цел.“ - додаде Гутерес.

 



Слични вести