Палестинскиот претседател Абас разговараше телефонски со американскиот претседател Бајден

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и американскиот претседател Џо Бајден разговараа телефонски за најновите случувања и настани во Палестина и регионот

1639964
Палестинскиот претседател Абас разговараше телефонски со американскиот претседател Бајден

Палестинскиот претседател Махмуд Абас оствари телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден.

На тој начин двајцата лидери го остварија првиот разговор по преземањето на претседателската должност од страна на Бајден во јануари оваа година.

Во телефонскиот разговор беа разгледани случувањата во Палестина и регионот.

Членот на Централниот извршен одбор на Движењето Фетих и одговорен за односите со Израел Хусејин еш-Шејх во објавеното соопштение на својот профил преку социјалната медија соопшти дека палестинскиот претседател Махмуд Абас добил телефонски повик од американскиот претседател Џо Бајден. 

Шејх истакна дека во телефонскиот разговор помеѓу Абас и Бајден беа поставени на маса најновите случувања и настани во регионот.

Претходно беше соопштено дека палестинскиот претседател Махмуд Абас на 10 мај оствари телефонски разговор и со американскиот државен секретар Антони Блинкен за намалување на тензијата во регионот.

Во нападите на Израел врз Газа од 10 мај досега ги загубија животите 140 Палестинци, а повеќе од 1.000 се ранети. 

 

 



Слични вести