Дипломатски иницијативи од ЕУ за стопирање на израелските напади врз Газа

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел води дипломатски иницијативи за стопирање на израелските напади врз Газа и ставање крај на насилството

1639967
Дипломатски иницијативи од ЕУ за стопирање на израелските напади врз Газа

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел остварува дипломатски иницијативи за ставање крај на насилството, по реализираните напади од страна на Израел врз Газа.

Според објавеното соопштение од канцеларијата на Борел, високиот претставник на ЕУ во последните денови освен со палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази, разговараше и со египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри, јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ).

Во соопштението се истакнува дека Жозеп Борел вложува напори за намалување на загрижувачката тензија особено во Газа и опкружувањето, како и тоа дека ја нагласува потребата за пропорционално однесување на Израел кој "располага со право да го одбрани својот народ од нападите" и за спречување на цивилните загуби.

Освен тоа, во соопштението се нагласува дека Борел упатил повик за обезбедување на хуманитарен пристап до Газа, предупредил по прашањето на спречување на ширењето на насилствата и истакнал дека треба да се разгледат причините коишто лежат винкорењата на настаните и да се почитува статус кво состојбата на светите места.

Во истото соопштение се потсетува на ставот на Европската унија (ЕУ) кон вадењето на Палестинците од нивните домови вклучувајќи го и Источен Ерусалим (Кудс), се нагласува значењето на иницијативите за преговори во правец на решението со две држави, а освен тоа се наведува дека високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел му издал директива на својот специјален претставник за Блиски исток за разгледување на кризата од страна на четворката за Блиски исток составена од Русија, САД, Обединетите нации (ОН) и Европската унија (ЕУ).

 



Слични вести