Бројот на загинатите во нападите на Израел врз Палестинците се зголеми на 145 лица

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во нападите на Израел врз Газа од 10 мај досега животите ги загубија 145 лица од кои 41 дете и 23 жени, а 1.100 лица се ранети

1639968
Бројот на загинатите во нападите на Израел врз Палестинците се зголеми на 145 лица

Бројот на загинатите во нападите на Израел врз Палестинците се зголеми на 145 лица меѓу кои има и голем број деца и жени, а повеќе од 1.100 лица се ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за здравство во Газа се истакнува дека во нападите на Израел врз Газа од 10 мај досега животите ги загубија 145 Палестинци од кои 41 дете и 23 жени, а 1.100 лица се ранети.

Инаку, палестинските групи за отпор во Појасот Газа и дадоа рок на израелската полиција да се повлече од Месџид-и Акса и маалото Шејх Џерах во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) до 10 мај, во понеделникот во 18:00 по локално време

Откако израелската полиција не се повлече од Месџид-и Акса и Шејх Џерах беа истрелани голем број ракети врз Израел.

Потоа, израелската армија соопшти дека е започната воена операција врз Појасот Газа под името „Чувар на ѕидовите“.

 



Слични вести