Бројот на загинатите во израелските напади врз Палестинците се искачи на 149 лица

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во нападите на Израел врз Газа од 10 мај досега животите ги загубија 149 лица од кои 41 дете и 23 жени, а 1.115 лица се ранети

1640007
Бројот на загинатите во израелските напади врз Палестинците се искачи на 149 лица

Според најнови добиени информации, бројот на загинатите во израелските напади врз Палестинците се зголеми на 149 лица меѓу кои има голем број деца и жени, а повеќе од 1.115 лица се ранети. 

Во објавеното соопштение од Министерството за здравство во Газа се истакнува дека во нападите на Израел врз Газа од 10 мај досега животите ги загубија 149 Палестинци од кои 41 дете и 23 жени, а 1.115 лица се ранети.

Портпаролот на палестинското Министерство за надворешни работи Ешреф ел-Кудра во објавеното соопштение преку видео ја повика меѓународната заедница да стапи во акција за стопирање на израелските напади и да преземе конкретни чекори.

Од друга страна, израелските сили реализираа напади врз крајбрежјето на Газа и од море, додека израелски воени авиони бомбардираа две безбедносни центри на границата на Газа со Египет.

Израелските воени авиони и синоќа по полноќ реализираа воздушни напади врз различни области на Газа.

Така и во воздушниот напад врз квартот Ер-Римал во западниот дел на Газа се срушени голем број згради. 

Директорот на болницата Шифа во Газа Мухамед Ебу Силмије претходно изјави дека во болницата се донесени двајца Палестинци кои ги загубиле животите во нападите и 22'јца ранети Палестинци.

Исто така и во објавеното писмено соопштение од страна на палестинското Министерство за здравство во Газа беше истакнато дека екипите за цивилна одбрана успеале да спасат од под рушевините 5 затрупани деца.

 



Слични вести