Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 192 лица од кои 58 се деца

Заедно со последните реализирани израелски напади во Појасот Газа досега животите ги загубија 192 Палестинци од кои 58 се деца и 34 жени, а бројот на ранетите се зголеми на над 1.230 лица

1640310
Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 192 лица од кои 58 се деца
filistin yarali ambulans.jpg
gazze hastane .jpg

Бројот на загинатите во нападите коишто продолжува да ги реализира Израел врз Појасот Газа се зголеми на 192 лица од кои 58 се деца и 34 жени, додека повеќе од 1.230 лица се ранети.

Постепено станува се потежок билансот во Појасот Газа кој од 10 мај е бомбардиран од воздух и од копно од страна на Израел.

Заедно со последните реализирани напади во Газа досега животите ги загубија 192 Палестинци од кои 58 се деца и 34 жени, а бројот на ранетите се зголеми на над 1.230 лица.

Израел во Појасот Газа бомбардира и две згради на министерствата за труд и социјален развој.

Министерството за здравство во Газа исто така соопшти дека Израел со две ракети погоди и еден здравствен центар и дека во зградата е причинета голема штета. 

Од друга страна, израелската полиција во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) притвори 25 Палестинци, упадна во една куќа и изврши напад врз жените и децата.

На тој начин, бројот на притворените Палестинци од страна на израелските сили од месецот на постот Рамазан во Источен Ерусалим (Кудс) достигна до 1.000.

 

 



Слични вести