Продолжуваат израелските напади врз Палестинците: Расте бројот на загинатите

Продолжува да расте бројот на загинатите во израелските напади врз Палестинците во кои според најнови добиени информации досега загинаа 139 меѓу кои има и голем број деца и жени, а приближно 1.000 лица се ранети

1639659
Продолжуваат израелските напади врз Палестинците: Расте бројот на загинатите
israil asker.jpg
gaza 2

Бројот на загинатите во нападите на Израел врз Палестинците се зголеми на 139 меѓу кои има и голем број деца и жени, а приближно 1.000 лица се ранети.

Во реализираниот напад од страна на израелските воени авиони врз една куќа во бегалскиот камп Шати во западниот дел на Газа загинаа 10 Палестинци од кои повеќето деца. 

Во израелските напади од 10 мај досега бројот на загинатите Палестинци се зголеми на 139 лица меѓу кои има и голем број деца и жени, а приближно 1.000 Палестинци се ранети.

Израелски воени авиони и синоќа во текот на ноќта реализираа приближно 30 напади врз северниот дел на Газа.

Поради нападите чија цел беа околината на дирекцијата за образование, куќи на цивили и една џамија во поголемиот дел од областа е прекината електричната струја.

Од друга страна, заменик шефот на Политичкото биро на Хамас Салих Ал-Арури истакна дека операцијата којашто ќе биде започната од копно во Газа ќе претставува катастрофа за Израел и ќе ја промени рамнотежната на војната.

Арури во дадената изјава за телевизискиот канал Ал Акса во сопственост на Хамас, во врска со вестите коишто се појавија во печатот околу тоа дек Израел вчера започна копнена операција врз Газа, истакна дека силите на отпорот се доволно силни за да го зачудат непријателот (Израел) и дека во свои раце имаат посилни оружја од претходно употребените.

 



Слични вести