Палестинскиот премиер Иштије ги повика ОН итно да стапат во акција за стопирање на израелските напади

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије во дадената изјава за палестинската официјална агенција „WAFA“ ги повика Обединетите нации (ОН) итно да стапат во акција за стопирање веднаш на израелските напади врз Појасот Газа, Западниот Брег и Ерусалим (Кудс)

1639703
Палестинскиот премиер Иштије ги повика ОН итно да стапат во акција за стопирање на израелските напади

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије ги повика Обединетите нации (ОН) итно да стапат во акција за стопирање веднаш на израелските напади коишто продолжуваат врз Појасот Газа, на Западниот Брег и во Ерусалим (Кудс).

Иштије во својата изјава објавена од страна на палестинската официјална новинска агенција „WAFA“ („ВАФА“) ги осуди „крвавите масакри коишто се реализираат од страна на окупаторските сили и расистичките напади на доселениците врз палестинскиот народ на териториите од 1948 година“. 

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије истакна дека на инструкција на претседателот Махмуд Абас овие злосторства ќе бидат пренесени во Меѓународниот кривичен суд.

Иштије воедно упати повик до Четворката за Блиски исток (Русија, САД, Обединетите нации и Европската унија) да биде отворен сериозен политички пат за ставање крај на окупацијата и формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим (Кудс).

 



Слични вести