Бројот на загинатите во израелските напади врз Палестинците се зголеми на 137 лица

Продолжува да расте бројот на загинатите во нападите на Израел врз Палестинците во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, во кои досега загинаа 137 лица меѓу кои има и голем број деца и жени, а повеќе од 968 лица се ранети

1639656
Бројот на загинатите во израелските напади врз Палестинците се зголеми на 137 лица
GAzze.jpg
bati seria.jpg
Han yunus.jpg
gazze bina.jpg
gazze.jpg

Бројот на загинатите во нападите на Израел врз Палестинците се зголеми на 137 лица, а повеќе од 968 лица се ранети меѓу кои има и деца и жени. 

Според објавеното соопштение од Министерството за здравство во Газа, во последниот реализиран напад на Израел врз Појасот Газа животите ги загубија уште 4 Палестинци со што бројот на загинатите од 10 мај досега се зголеми на 126 лица.

Во соопштението на Министерството се истакнува дека меѓу загинатите има 31 дете и 20 жени и дека бројот на ранетите во нападите изнесува над 900 лица. 

Во меѓувреме, израелските воени авиони и синоќа реализираа приближно 30 напади врз северниот дел на Газа.

Поради нападите чија цел беа околината на дирекцијата за образование, куќи на цивили и една џамија во поголемиот дел од областа е прекината електричната струја.

Во нападите на израелските сили на протестите во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа пак, бројот на загинатите Палестинци се зголеми на 11.

На протестите, од страна на израелските војници се ранети и 37 Палестинци со вистински куршуми и 31 Палестинец со гумени куршуми.

На тој начин бројот на загинатите Палестинци во нападите на Израел се зголеми на 137 лица меѓу кои има и голем број деца и жени, а на ранетите се искачи на над 968 лица.

Во меѓувреме, палестинските групи на отпорот во Појасот Газа кои претходно и дадоа рок на израелската полиција да се повлече од Месџид-и Акса и маалото Шејх Џерах во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) до 10 мај, во понеделникот во 18:00 по локално време, откако не се повлече од наведените места, истрелаа голем број ракети врз Израел.

Потоа, израелската армија соопшти дека е започната воена операција врз Појасот Газа под името „Чувар на ѕидовите“.

 



Слични вести