Портпаролката Псаки се воздржа од осуда на Израел и покрај упорните прашања

Ние сме во потрага по пристап со кој ќе ја намалиме напнатоста и ќе најдеме потрајно решение преку разговори со лидерите во регионот

1639529
Портпаролката Псаки се воздржа од осуда на Израел и покрај упорните прашања

 

Портпаролката на Белата куќа во Соединетите Држави (САД), Џен Псаки се воздржа од осуда на израелските ракетни напади во кои загинаа 87 Палестинци, од кои 18 беа деца и покрај упорните прашања на новинарите.

Псаки, на дневната прес-конференција во Белата куќа одговораше на прашањата за неодамнешната ескалација на напнатоста во Источен Ерусалим.

На прашањето: „Зошто администрацијата на Бајден не ги осуди израелските напади врз палестинските деца“, Псаки рече:

„Секој пат кога ќе се зголеми напнатоста, смртта на еден цивил или дете е трагедија за нас. Ние сме во потрага по пристап со кој ќе ја намалиме напнатоста и ќе најдеме потрајно решение преку разговори со лидерите во регионот“.

Наведувајќи дека американскиот претседател Џо Бајден, вчера имал телефонски разговор со израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху, Псаки рече:

„Бајден во оваа прилика рече дека Израел има право на самоодбрана. Како што знаете, ракетните напади на Хамас врз цивилните населби не се самоодбрана“.

Еден новинар на прес конференцијата рече: „Администрацијата на Бајден постојано зборува за правото за самоодбрана на Израел, но не слушаме ништо за правото на самоодбрана на Палестинците. Зарем Бајден не верува дека Палестинците имаат право да се бранат“?

Врз база на тоа, Псаки рече: „Овие ракетни напади ги извршува Хамас. Тие ги загрозуваат животите на Палестинците поради насилството. Ова предизвикува плима и осека“.

Новинарот го повтори својот став и рече: „Не гледам ништо во изјавата што се однесува на тоа дека и Палестинците исто така имаат право да се бранат“.

На тоа Псаки одговори: „Зарем Хамас не ги врши овие напади“?

По овој одговор, новинарот рече: „Дозволете ми моето прашање да го поставам на еден друг начин. Администрацијата на Бајден постојано ги осудува ракетните напади на Хамас. Дали Белата куќа ја осудува и евакуацијата на Палестинците од нивните домови“?

Додека Псаки изјави дека нивната главна цел е да ја намалат напнатоста, таа упорно се воздржуваше од осуда на Израел.

Во досегашните изарелски напади врз Газа загина 87 Палестинци, од кои 18 деца, а беа повредени 530 лица.



Слични вести