Израелскиот премиер Нетанјаху продолжува да дава изјави за покачување на тензијата: Сѐ уште не е завршено

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „Сѐ уште не е завршено. Ќе направиме се за да ја воспоставиме наново безбедноста на нашите градови и нашите граѓани.“

1639565
Израелскиот премиер Нетанјаху продолжува да дава изјави за покачување на тензијата: Сѐ уште не е завршено

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за кого се вели дека за да не би ја изгубил својата фолтелја го фрла во оган регионот, во објавената видео порака повторно даде ијзва коишто ќе ја зголемат тензијата.

Велејќи дека би можеле секаде да ги најдат високите личности на палестинското движење за отпор Хамас, Нетанјаху рече: „Сѐ уште не е завршено. Ќе направиме се за да ја воспоставиме наново безбедноста на нашите градови и нашите граѓани.“

Нетанјаху со оваа своја изјава ја ддае пораката дека ќе продолжат нападите врз Појасот Газа.

Палестинските групи на отпорот во Појасот Газа кои претходно и дадоа рок на израелската полиција да се повлече од Месџид-и Акса и маалото Шејх Џерах во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) до 10 мај, во понеделникот во 18:00 по локално време, откако не се повлече од наведените места истрелаа голем број ракети врз Израел.

Потоа, израелската армија соопшти дека е започната воена операција врз Појасот Газа под името „Чувар на ѕидовите“. 

Во нападите на Израел врз Газа и Западниот Брег од 10 мај досега загинаа 139 Палестинци меѓу кои се наоѓаат и голем број деца и жена, а приближно 1.000 Палестинци се ранети.



Слични вести