Истрелани ракети од Либан кон Израел

Ракетите биле истрелани кон крајбрежното подрачје на област Џелиле (Галилеја) на северот на Израел

1639195
Истрелани ракети од Либан кон Израел

 

Од Либан истрелани 3 ракети кон подрачјето Џелиле на северот на Израел.

Во соопштението објавено од израелската армија беше наведено дека ракетите биле истрелани кон крајбрежното подрачје на област Џелиле (Галилеја) на северот на Израел.

Сирените не свиреа поради ракетните напади и не беа дадени информации за евентуалната материјална штета и човечките загуби.

Либанските медиуми соопштија дека лицето или лицата кои истрелале ракети против Израел од областа близу до бегалскиот камп Решидије во градот Сур на југот на земјата, каде што живеат Палестинците, биле приведени од безбедносните сили.

Сè уште не се дадени информации во врска со бројот и државјанството на приведените.



Слични вести