Иран соопшти дека се подготвени да ги подобрат односите со Саудиска Арабија

Минатиот месец, ирачката администрација потврди дека посредувала во преговорите меѓу Иран и Саудиска Арабија

1639197
Иран соопшти дека се подготвени да ги подобрат односите со Саудиска Арабија

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамад Џевад Зариф изјави дека тие се подготвени да ги подобрат односите со Саудиска Арабија.

Џевад Зариф во изјавата за новинарите во Дамаск, главниот град на Сирија рече:

„Ние секогаш бевме подготвени да воспоставиме блиски врски со Саудиска Арабија“.

Минатиот месец, ирачката администрација потврди дека посредувала во преговорите меѓу Иран и Саудиска Арабија потенцирајќи дека и натаму контактите продолжуваат.

Претходно, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој даде интервју за официјалниот телевизиски канал на Саудиска Арабија, изрази желба за воспоставување добри односи со Иран.

Иранското Министерство за надворешни работи исто така објави дека ја поздравуваат изјавата на принцот престолонаследник.

Односите меѓу двете земји се влошија во 2016 година откако Ријад ги прекина дипломатските врски со Иран, по одговорот на Техеран на погубувањето на шиитскиот свештеник Шеик Нимр ал Нимр и нападите врз претставништвата на Саудиска Арабија во Иран.



Слични вести