Бајден: „Продолжуваат напорите за намалување на тензиите“

Главното прашање е намалувањето на бројот на истрелани ракети во областите каде што живее цивилно население

1639209
Бајден: „Продолжуваат напорите за намалување на тензиите“

 

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека продолжуваат напорите за намалување на напнатоста во Источен Ерусалим и регионот.

Џо Бајден, одговори на прашањето на еден новинар во Белата куќа: „Дали верувате дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доволно се ангажира за да го запре насилството“?

Потсетувајќи дека вчера имал телефонски разговор со Нетанјаху, Бајден истакна дека Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и разузнавачките служби не оствариле средби само со израелските колеги, туку и со нивните колеги во голем број земји во регионот.

Наведувајќи дека продолжуваат нивните напори за намалување на тензијата во регионот, Бајден рече:

„Досега не добивме прекумерна реакција. Главното прашање е намалувањето на бројот на истрелани ракети во областите каде што живее цивилно население. Очекувам да одржиме уште многу средби за ова прашање“.



Слични вести