Ал Акса оддекнуваше со слогани за Ердоган

На демонстрацијата беа развеани знамињата на Палестина и Тевхид

1639531
Ал Акса оддекнуваше со слогани за Ердоган

Палестинците на демонстрациите што се одржаа по петочниот намаз во џамијата Ал Акса, лоцирана во Стариот град на Источен Ерусалим, кој е под окупација, упатија повик до претседателот Реџеп Тајип Ердоган за воена поддршка на појасот Газа.

По петочниот намаз во Харем-и-Шериф, Палестинците на просторот меѓу џамијата Кибла и Кубетул Сахра (Купола на карпата) организираа демонстрација за поддршка на Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада.

На демонстрацијата беа развеани знамињата на Палестина и Тевхид (Аллахово единство), а исто така се извикуваа текбири и слогани во корист на Хамас и против Израел.

На демонстрациите на кои учествуваа стотици Палестинци, беше упатен повик до претседателот Ердоган за „воена поддршка за Газа“.

Поранешниот муфтија на Ерусалим и Палестина, Шеик Икриме Сабри,  во својата петочна хутба (беседа) истакна дека џамијата Ал Акса никогаш не беше подложена на вакви напади откако Израел го нападна и го окупира Источен Ерусалим во 1967 година.

Шеик Сабри рече дека Ал Акса им припаѓа само на муслиманите и дека „окупаторската држава“ треба да се повлече од неа.

Привлекувајќи внимание на израелскиот напад врз блокираниот Појас Газа, Шеик Сабри истакна дека нападот треба да биде запрен.

Шеик Сабри по хутбата се молеше за Појасот Газа и Ал Акса.

Во писменото соопштение од Управата за исламски фондации на Ерусалим, беше наведено дека повеќе на петочниот намаз во Ал Акса учествуваа над 20 илјади Палестинци.



Слични вести