Нападите на изарелската полиција врз Плаестинците продолжија и синоќа

Шеесет и пет Палестинци, од кои 16 деца, 5 жени и стари лица, беа жртви (шехиди) и 365 беа повредени во израелските напади кои траат со денови во блокираниот појас Газа

1638836
Нападите на изарелската полиција врз Плаестинците продолжија и синоќа

Израелската полиција ги нападна Палестинците во портата Дамаск и населбата Шеик Џерах во Стариот град во Источен Ерусалим, која е под окупација.

Палестинците кои се собраа пред Портата Дамаск по ноќниот намаз во Ал Акса, лоцирана во Стариот град во Источен Ерусалим, беа подложени на интервенција на израелската полиција.

Во населбата Шеик Џерах, израелската полиција ги нападна Палестинците на кои им се закануваше иселување од нивните домови.

Во писменото соопштение објавено од палестинската Црвена полумесечина, беше наведено дека израелската полиција, со звучни бомби, пластични куршуми, солзавец и возила за интервенција против општествени немири ги нападнала Палестинците  во портата Дамаск и во областа Шеик Џера.

Во соопштението беше наведено дека 18 Палестинци, од кои 10 со пластични куршуми, биле повредени при интервенцијате на израелската полиција.

Шеесет и пет Палестинци, од кои 16 деца, 5 жени и стари лица, беа жртви (шехиди) и 365 беа повредени во израелските напади кои траат со денови во блокираниот појас Газа.



Слични вести