Волкан Бозкир ги осуди израелските напади врз Газа

Обединетите нации треба да ги штитат Палестинците кои живеат под окупација, кои се изложени на секакви тешкотии и да обезбедат спроведување на одлуките донесени во врска со ова прашање

1638203
Волкан Бозкир ги осуди израелските напади врз Газа

 

Претседателот на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир ги осуди воздушните напади врз Газа.

Бозкир, во врска со зголемената тензија во Источен Ерусалим објави објавата на својот профил на Твитер.

„Длабоко сум загрижен за случувањата во окупирана Палестина. Јас силно ги осудувам нападите врз цивилите и верските места, вклучително и неодамнешните воздушни напади врз Газа. Го повикувам Израел да се придржува кон меѓународното право и да ги исполни своите обврски“ рече Бозкир.

„Обединетите нации треба да ги штитат Палестинците кои живеат под окупација, кои се изложени на секакви тешкотии и да обезбедат спроведување на одлуките донесени во врска со ова прашање. Подготвен сум да го повикам Генералното собрание на ОН на состанок на барање на земјите-членки” истакна Бозкир.

Нагласувајќи дека израелско-палестинскиот проблем треба да се реши во согласност со резолуциите на ОН и меѓународното право, во рамките на визијата на две држави основани во безбедни и признати граници, Бозкир потенцираше на фактот дека Ерусалимското прашање е прашање што треба да се реши во последната фаза од мировниот процес“.

Од друга страна, портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујарик, на дневниот брифинг со новинарите, наместо да ги осуди израелските воздушни напади врз Газа, рече дека генералниот секретар Антонио Гутереш чувствувал „длабоко жалење“ поради загубата на многу животи.

Изјавувајќи дека се крајно загрижени за зголемената сериозна напнатост на окупираните палестински територии и Израел, Дујарик рече дека силно го осудува исфрлањето ракети од Газа кон Израел, а наместо да ги осуди израелските воздушни напади во кои што Палестинците ги загубија своите животи, тој се ограничи со употребата на фразата „чувствувам загриженост“.



Слични вести