Во синоќешните израелски напади на Палестина загинаа 35 лица

Специјална полиција со цивилната облека, позната како Мустарибин, која се наоѓала во оваа област, привела еден тинејџер

1638218
Во синоќешните израелски напади на Палестина загинаа 35 лица

Израелската полиција, врз палестинските млади во Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим, изврши напад со звучни бомби.

Палестинските млади, по намазите јација и теравија што ги клањаа во Харем-и Шариф во Стариот град на Источен Ерусалим, се собраа меѓу Месџидул Кибла и Кубетул Сахра (Купола на карпата)

По одредено време, израелската полиција врз младите кои извикуваа текбир и слогани интервенираше со звучни бомби.

Палестинските млади одговорија со камења и огномет.

Израелската полиција ги бркаше палестинските млади во дворовите на Харем-и Шариф.

По намазот теравија, израелската полиција врз палестинските млади интервенираше и на Портата Дамаск од Стариот град и тоа со звучни бомби, возила за борба против немири и нечиста вода.

Покрај тоа, израелската специјална полиција со цивилната облека, позната како Мустарибин, која се наоѓала во оваа област, привела еден тинејџер.

Во меѓувреме, палестинската Црвена полумесечина во писменото соопштение наведе дека израелската полиција не им дозволила на медицинските екипи кои отишле да интервенираат кај повредените во инцидентите во Ал Акса.

Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека бројот на жртвите во израелските напади што траат со денови се зголеми на 30, а бројот на повредени на 203.



Слични вести