По воздушниот напад на израелската армија врз Газа, Хамас испука 130 ракети кон Тел Авив

израелската полиција соопшти дека 2 Израелци биле убиени, а 7 лица биле повредени поради истреланите ракети од Појасот Газа

1638207
По воздушниот напад на израелската армија врз Газа, Хамас испука 130 ракети кон Тел Авив

 

Движењето Хамас соопшти дека по воздушниот напад на израелската армија врз Газа во кој била погодена една напуштена станбена зграда, испукале 130 ракети кон Тел Авив.

Од друга страна, израелската полиција соопшти дека 2 Израелци биле убиени, а 7 лица биле повредени поради истреланите ракети од Појасот Газа.

Портпаролот на бригадите „Изедин ал-Касам“, военото крило на Хамас, Абу Убејде во својата порака на Телеграм изјави дека доколку Израел се насочи кон цивилните згради во Газа, ќе извршат многу посилни ракетни напади врз Тел Авив отколку оние во Аскалан.



Слични вести