Вооружен напад во училиште во Казан, Република Татаристан: Загинаа 11 лица, а има и ранети

Според добиени првични информации, во нападот загинаа 11 лица меѓу кои има ученици и учители, а има и голем број ранети.

1637815
Вооружен напад во училиште во Казан, Република Татаристан: Загинаа 11 лица, а има и ранети

Во Казан, главниот град на Репблика Татаристан во склопот на Руската Федерација, е извршен воружен напад во едно училиште.

Според добиени првични информации, во нападот загинаа 11 лица меѓу кои има ученици и учители, а има и голем број ранети.

Од страна на неидентификувани лица беше отворен оган на едно училиште во главниот град на Татаристан Казан, по што дојде до паника во училиштето.

Најпрвин беа споделени информации дека во нападот загинаа 6 ученици, а потоа еден портпарол за итни состојби во регионот соопшти дека бројот на загинатите во вооружениот напад се зголеми на 11 лица меѓу кои има ученици и учители и дека има и голем број ранети. 

Еден портпарол од Министерството за итни состојби во дадената изјава за рускиот печат рече: „Безбедносните сили притворија едно 17 годишно момче за кое постои сомневање дека стои зад нападот.“



Слични вести