Во синоќешните израелски напади врз Газа загинаа 24 лица меѓу кои има и деца, а 103 лица се ранети

Според објавеното соопштение од Министерството за здравство во Газа, по последните реализирани напади од страна на Израел загинаа уште три лица со што бројот на загинатите се зголеми на 24 лица меѓу кои има и деца, а на ранетите на 103 лица

1637686
Во синоќешните израелски напади врз Газа загинаа 24 лица меѓу кои има и деца, а 103 лица се ранети
SPR gazze.jpg
israil saldırı.jpg
SPR gazze 3.jpg
SPR gazze 2.jpg
israil gaza.jpg
gazze.jpg

Во синоќешните напади на Израел врз Газа бројот на загинатите се зголеми на 24 лица меѓу кои има и деца, а на ранетите на 103 лица.

Според објавеното соопштение од Министерството за здравство во Газа, по последните реализирани напади од страна на Израел загинаа уште три лица со што бројот на загинатите се зголеми на 24 лица меѓу кои има и деца, а на ранетите на 103 лица.

Еден надлежен од екипите за цивилна одбрана истакна дека во последните реализирани израелски напади животите ги загубија уште три лица во една погодена куќа во западниот дел на Газа и дека меѓу тројцата загинати членови од исто семејство се наоѓаат и една жена и еден хендикепиран Палестинец. 

Инаку, претходно од страна на палестинското Министерство за здравство во Газа беше соопштено дека во реализираниот воздушен напад од страна на израелските сили врз Појасот Газа загинаа 21 лице од кои 9 деца, а 65 лица се ранети.

Израелскиот воздушен напад беше извршен на областа Бејт Ханун во Појасот Газа, додека цел на нападот беше една улица.

Израелските воени авиони во понатамошните часови реализираа нови воздушени напади и врз областите во јужниот дел на Појасот Газа.

Во меѓувреме, бројот на ранетите во нападите на израелската полиција коишто продолжуваат веќе неколку дена врз Палестинците во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), се зголеми на над 331 лице.

Продолжуваат нападите на израелската полиција врз џемаатот (муслиманите верници) кои клањаат намаз во Месџид-и Акса.

Синоќа доцна, израелската армија соопшти дека е започната воена операција врз Појасот Газа во чии рамки се реализирани воздушни напади.

Израелската армија воедно истакна дека од Газа биле истрелани голем број ракети врз јужните делови на Израел.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пак, во чест на загинатите (шехидите) во израелските напади врз Газа донесе одлука за откажување на прославите на Рамазан Бајрам и за спуштање на знамињата на половина копје. 

Од друга страна, синоќа по клањање на терави намаз беа одржани протести во различни области на Западниот Брег, на чело со Рамалах, Наблус, Бејтулахим, Џенин и Ел Халил.

Во судирите до коишто дојде притоа помеѓу протестирачите и израелските безбедносни сили еден Палестинец е ранет со вистински куршум, а 12 Палестинци со гумени куршуми. 

Во судирите воедно 49 Палестинци беа подложени на влијанието на солзавецот којшто е користен од страна на израелските безбедносни сили.

Во меѓувреме, Израел соопшти дека до објавување на втора наредба го затвори и граничниот премин Керем Ебу Салим, кој е единствениот трговски граничен премин на блокираниот Појас Газа. 

Израел, вчера наутро исто така соопшти дека до објавување на втора наредба го затвора и граничниот премин Бејт Ханун (Ерез) во Газа.

 



Слични вести