САД: Чувствуваме загриженост од насилствата во „Израел“

Портпаролката на американскиот Државен секретаријат Џен Псаки на одржаната прес-конференција рече: „Одблизу ги следиме насилствата коишто продолжуваат во Израел. Загрижени сме од ситуацијата во регионот, вклучувајќи ги и жестоките судири...

1637758
САД: Чувствуваме загриженост од насилствата во „Израел“

Белата куќа на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека чувствуваат загриженост од насилствата во Источен Ерусалим (Кудс).

Портпаролката на американскиот Државен секретаријат Џен Псаки на одржаната прес-конференција, од окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) говореше како „од Израел“ и го рече следното: „Одблизу ги следиме насилствата коишто продолжуваат во Израел. Загрижени сме од ситуацијата во регионот, вклучувајќи ги и жестоките судири коишто ги согледуваме во последните денови.“

Потсетувајќи дека советникот за Национална безбедност на Белата куќа Џејк Суливан на крајот на неделата оствари телефонски разговор со својот израелски колега, Псаки рече: „Суливан, уште еднаш ги изнесе своите грижи во врска со евентуалното евакуирање на палестинските семејства од нивните домови.“

Џен Псаки, додаде дека екипата за национална безбедност ги следи одблизу случувањата во регионот, додека избегна од осудување на политиките на Израел за насилно вадење на Палестинците од нивните домови и на упадот во Месџид-и Акса.

Од друга страна, демоктратската пратеничка во Конгресот на САД од палестинско потекло Рашида Тлаиб во говорот што го одржа на еден панел, во врска со настаните во Месџид-и Акса и маалото Шејх Џерах го рече следното: „Дури и во моментов кога зборуваме палестинската Накба (Големата катастрофа) продолжува. Во моментов кога стануваме сведоци на тоа како Палестинците остануваат без своите домови во Еруслаим (Кудс) и како продолжува расистичката и насилна агенда на израелскиот лидер Нетанјаху.“

Велејќи дека со раскажување на наративи за Израел се обидуваат да се избришат болките коишто ги трпи Палестина и нејзината историја, Рашида Тлаиб го додаде следното: „Додека светот набљудува без да интервенира, Тие (Палестинците) имаат право да му раскажат на светот дека трпат болка од Накба.“

 



Слични вести