Бројот на загинатите во израелскиот напад врз Појасот Газа се зголеми на 20 лица од кои 9 деца

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинатите во израелскиот воздушен напад врз Појасот Газа се зголеми на 20 лица од кои 9 деца, а 65 лица се ранети

1637594
Бројот на загинатите во израелскиот напад врз Појасот Газа се зголеми на 20 лица од кои 9 деца

Бројот на загинатите во реализираниот воздушен напад од страна на израелските сили врз Појасот Газа од 9 лица од кои 3 деца како што беше соопштено претходно, се зголеми на 20 лица од кои 9 деца.

Израелскиот воздушен напад беше извршен на областа Бејт Ханун во Појасот Газа.

Цел на нападот беше една улица во кој според податоците на палестинското Министерство за здравство, животите ги загубија 20 лица од кои 9 деца, а 65 лица лица се ранети.

Израелските воени авиони во понатамошните часови реализираа нов воздушен напад и врз областите во јужниот дел на Појасот Газа.

Во меѓувреме, бројот на ранетите во нападите на израелската полиција коишто продолжуваат веќе неколку дена врз Палестинците во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), се зголеми на 331 лице.

Продолжуваат нападите на израелската полиција врз џемаатот (муслиманите верници) кои клањаат намаз во Месџид-и Акса.

 

 



Слични вести