За време на интервенцијата на израелската полиција синоќа во Источен Ерусалим се повредени 14 Палестинци

Израелската полиција синоќа повторно интервенираше врз Палестинците кај Портата Дамаск во областа на Стариот град во Источен Ерусалим (Кудс) и во маалото Шејх Џерах при што беа повредени 14 Палестинци и двајца новинари, а некои Палестинци беа притворени

1637052
За време на интервенцијата на израелската полиција синоќа во Источен Ерусалим се повредени 14 Палестинци
İsrail polisi Filistinlilere Saldırdı.jpg

Израелската полиција синоќа повторно интервенираше врз палестинските младинци кај Портата Дамаск во областа на Стариот град во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) при што според првични добиени информации се повредени 14 Палестинци и двајца новинари, а некои Палестинци се притворени.

Палестинските младинци вчера почнувајќи од вечерните часови почнаа да се собираат кај Портата Дамаск на Стариот град кадешто се наоѓа џамијата Месџид-и Акса.

Притоа израелската полиција интервенираше врз насобраните со водени топови, коњаници и со звучни бомби и гумени куршуми.

За време на интервенцијата дојде до судири и бркање помеѓу израелската полиција и палестинските младинци во областа помеѓу Портата Дамаск и Портата Сахире во Стариот град.

Во меѓувреме, синоќа по ифтар протести одржаа и Палестинците за кои од страна на Израел е донесена одлука да бидат присилно евакуирани од нивните куќи во маалото Шејх Џерах во Источен Ерусалим (Кудс).

Израелската полиција интервенираше врз палестинските протестирачи со коњаници .

Според изјавите на очевидци, за време на овдешната интервенција на израелската полиција се повредени неколкумина Палестинци, некои Палестинци се притворени.

 



Слични вести