Воздушен напад на израелските сили врз Појасот Газа: Загинаа 9 лица од кои 3 деца

Во реализиран израелски воздушен напад на областа Бејт Ханун во Појасот Газа, според првични добиени информации загинаа 9 лица од кои 3 деца

1637541
Воздушен напад на израелските сили врз Појасот Газа: Загинаа 9 лица од кои 3 деца

Во реализиран воздушен напад од страна на израелските сили врз Појасот Газа, според првични информации загинаа 9 лица од кои 3 деца.

Израелскиот воздушен напад е извршен на областа Бејт Ханун во Појасот Газа.

Цел на нападот беше една улица и според податоците на палестинското Министерство за здравство, животите ги загубија 9 лица од кои 3 деца, а голем број лица се ранети.

Во меѓувреме, бројот на ранетите во нападите на израелската полиција коишто продолжуваат веќе неколку дена врз Палестинците во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), се зголеми на 331 лице.

Продолжуваат нападите на израелската полиција врз џемаатот (муслиманите верници) кои клањаат намаз во Месџид-и Акса.

 



Слични вести