Реакции и протести во САД, Холандија, Велика Британија и Јордан против израелските напади

Продолжуваат да пристигнуваат реакции од светот и да се одржуваат протести против прекршувањата и насилството на израелската полиција врз Палестинците во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс)

1637049
Реакции и протести во САД, Холандија, Велика Британија и Јордан против израелските напади

Продолжуваат да пристигнуваат реакции од светот и да се одржуваат протести против прекршувањата и насилството на израелската полиција врз Палестинците во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс).

Во објавеното соопштение од Советот на муслиманските организации на Соединетите Американски Држави (USCMO) како покрив организација на муслиманските граѓански организации во Соединетите Американски Држави (САД) и Советот за американско-исламски односи (CAIR), се нагласува дека апсолутно се неприфатливи нападите на израелската полиција врз муслиманите кои го исполнуваат својот верски обред во Меџид-и Акса и тоа што Израел на неправеден начин им ги одзема куќите на Палестинците во кои тие живеат со векови.

Во соопштението се вели дека овие видови применувања на Израел се „расистички акции“ и овие акции се во целосна спротивност со меѓународното право, а воедно стои дека администрацијата на Џо Бајден и Конгресот треба да стапат во акција по ова прашање.

Во истото соопштение се додава дека нападите на израелската полиција претставуваат големо непочитување кон Месџид-и Акса и дека истите целосно се отфрлуваат.

Прекршувањата на израелските сили врз Палестинците беа протестирани и во главниот град на Холандија Амстердам.

На протестот што се одржа од страна на Палестинската заедница на Холандија (PGNL) на познатиот плоштад „Дам“ учествуваа група протестирачи од кои мнозинството го сочинуваа Палестинци.

Учесниците на протестот кој беше поддржуван и од страна на Холанѓани и Турци носеа палестински знамиња и транспаренти со натпис „Слобода за Палестина“ како и транспаренти со натписи против Израел и извикуваа слогани „Слободна Палестина.“

Протест против нападите на израелската полиција врз Палестинците беше одржан и пред владината канцеларија на Даунинг стрит број 10 во главниот град на Велика Британија, Лондон.

На овдешниот протест учествуваа приближно 5 илјади лица и беа носени транспаренти на кои пишуваше „Слободна Палестина“, „Терористички Израел“ и „Од 19148 година не можеме да дишеме“, а воедно беше упатен повик веднаш да бидат сопрени израелските напади.

Стотици лица се собраа и во близина на Амбасадата на Израел во главниот град на Јордан Аман кои овде одржаа протест за поддршка на палестинскиот народ.

 



Слични вести