Израелската полиција повторно интервенираше со гумени куршуми и солзавец врз Палестинците во Ал Акса

Израелската полиција повторно интервенираше со гумени куршуми и солзавец врз Палестинците кои од утрово се собраа во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) и овде поставија барикади за да го спречат влезот на фанатизираните Евреи

1637437
Израелската полиција повторно интервенираше со гумени куршуми и солзавец врз Палестинците во Ал Акса
al aqsa 2.jpg
mescid-i aksa filistinliler israil polisi kudus.jpg
İsrail'in Mescid-i Aksa'ya saldırısı 02.jpg
İsrail'in Mescid-i Aksa'ya saldırısı 01.jpg

Продолжува тензијата во Источен Ерусалим по интервенцијата на израелската полиција врз Палестинците во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Еден еврејски доселеник згази со возило еден Палестинец кој учествуваше на протестите во Месџид-и Акса во Ерусалим (Кудс), додека израелската полиција за одбрана на доселеникот од Палестинците кои покажаа реакција го вперија оружјето кон насобраните Палестинци.

На споделените објави преку социјалните медиуми се гледа како еден еврејски доселеник гази со своето возило едно лице кои учествува на протестите во Месџид-и Акса.

Исто така и на споделените објави на профилот на палестинското Движење Хамас преку социјалните медиуми се гледа како за време на инцидентот во областа на Лавовската порта на Месџид-и Акса израелската полиција го вперува оружјето кон насобраните Палестинци за одбрана на еврејскиот доселеник кој се соочува со реакцијата на Палестинците.

Инаку, илјадници Палестинци кои клањаа сабах намаз (утрински намаз)  во Месџид-и Акса во областа на Стариот град на окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), извикувајќи текбири одржаа протест во дворот на Ал Акса.

По протестот, Палестинците почнаа да чуваат стража за да го спречат упадот на фанатизираните Евреи, а воедно на некои места на Харем-и Шериф поставија и барикади, велеа дека нема да си заминат и често извикуваа слогани „Ќе го жртвуваме нашиот живот за тебе Ал Акса“.

Притоа израелската полиција повторно изврши упад во Месџид-и Акса кадешто остро интервенираше врз Палестинците со солзавец, гумени куршуми и звучни бомби.

Потоа беше соопштено дека по четиричасовната остра интервенција израелската полиција се повлекла од Месџид-и Акса и биле отворени и влезовите кои што од утринава беа блокирани.

Како што се истакнува во дворот на Месџид-и Акса и понатаму се наоѓаат голем број Палестинци.

Фанатизираните Евреи, годишнината од Шест-дневната војна во 1967 година кога Израел го окупира Источен Ерусалим според еврејскиот календар го слават како „Ден на Ерусалим“. Организациите составени од овие радикални еврејски групи, по повод „Денот на Ерусалим“ кој оваа година се совпаѓа со 9 и 10 мај, претходно упатија повик за упад во Месџид-и Акса.

Како што е соопштено како последно, бројот на повредените за време на интервенцијата на израелската полиција врз Палестинците во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим, се згоеми на 305 лица.

За време на интервенцијата дописникот на новинската Агенција Анадолија „АА“ во Ерусалим (Кудс) Есат Фират вчера беше ранет со гумен куршум во стомавот, додека фоторепортерот на „АА“ Мустафа Харуф за време на денешната интервенција по втор пат беше ранет со гумен куршум.

Директорот на Вакафот Месџид-и Акса Шејх Омер Ал Кисвани, преку звучниците на Харем-и Шериф го повика исламскиот свет да помогне.

Тој истакна дека Месџид-и Акса се наоѓа под голем напад и најави продолжување на палестинскиот отпор.

Инаку, Палестинците во Ерусалим (Кудс) веќе неколку дена протестираат поради израелските упади и престреси, како и донесените судски одлуки за протерување на палестинските семејства од нивните домови во маалото Шејх Џерах.

Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот вечер за време на терави намаз со остра интервенција се обидоа да ги истераат верниците од Месџид-и Акса.

 



Слични вести