Изјави од израелскиот премиер Нетанјаху кои ќе ја зголемат тензијата во Ерусалим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде изјави коишто ќе ја зголемат уште повеќе затегнатоста којашто продолжува во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) од почетокот на муслиманскиот месец на постот Рамазан

1637048
Изјави од израелскиот премиер Нетанјаху кои ќе ја зголемат тензијата во Ерусалим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во говорот што го одржа на состанокот на владиниот кабинет даде изјави коишто ќе ја зголемат уште повеќе затегнатоста којашто продолжува во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) од почетокот на муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Тврдејќи дека „Ерусалим (Кудс) илјадници години е главен град на Евреите“, Нетанјаху покажа реакција и на изјавите на Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ) во врска со планот за насилно вадење на некои палестински семејства од страна на Израел од нивните куќи во маалото Џерах во Источен Ерусалим (Кудс).

Бенјамин Нетанјаху го рече следното; „Се спротивставуваме на притисоците коишто се вршат по прашањето на изградбата на Ерусалим. За жал овие притисоци во последно време се зголемија. На нашите најдобри пријатели би сакал да им го кажам следното: Ерусалим е главен град на Израел. Онака како што секоја нација го изградила својот главен град и ние имаме право да го изградиме Ерусалим. Тоа го направивме и ќе продолжиме да го правиме.“

Нетанјаху застана во одбрана на тоа дека нема да им се дозволи на оние кои се на страната на екстремизмот да го поткопаат „мирот“ во Ерусалим, Нетанјаху рече: „Со одговорност и одлучност ќе продолжиме да ги применуваме законите и редот, Ќе продолжиме да ја браниме слободата за исполнување на верскиот обред за сите религии, но нема да ги дозволиме бунтовите со насилство.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, застрашувајќи ги и палестинските групи на отпорот во Појасот Газа се закани дека ќе се одговори на било каков евентуален напад од оваа област.

 



Слични вести