Во бомбашки напад пред училиште во Кабул во Авганистан загинаа најмалку 30 лица

Во реализиран бомбашки напад пред едно училиште во главниот град на Авганистан, Кабул животите ги загубија 30 лица, повеќе од 52 лица се ранети, а постои загриженос од зголемување на бројот на загинатите

1636767
Во бомбашки напад пред училиште во Кабул во Авганистан загинаа најмалку 30 лица

Во реализиран бомбашки напад пред едно училиште во главниот град на Авганистан, Кабул животите ги загубија 30 лица, повеќе од 52 лица се ранети, а постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Тарик Арјен изјави за печатот дека пред училиштето Сејид-у Шухеда во областа Дашт-и Барчи во Кабул е реализиран бомбашки напад.

Велејќи дека според првични информации во нападот загинаа 30 цивили, Арјен истакна дека се ранети и 52'јца цивили и дека постои загриженост од зголемување на бројот на мртвите во бомбашкиот напад.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во меѓувреме, Талибан соопшти дека го осудува нападот за којшто наведе дека нема поврзаност со него.



Слични вести