Парламентите на исламските земји го осудија насилството и зулумот на Израел врз Палестинците

На иницијатива на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Парламентарната унија на Организацијата за исламска соработка (ОИС) објави соопштение со осуда на насилството и зулумот на Израел врз Палестинците

1636770
Парламентите на исламските земји го осудија насилството и зулумот на Израел врз Палестинците

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Парламентарната унија на Организацијата за исламска соработка (ОИС)  на иницијатива на Собранието на Турција објавија соопштение со осуда на насилството и зулумот коишто Израел ги спроведува врз Палестинците.

Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели соопштението на Парламентарната унија на Организацијата за исламска соработка (ОИС) коешто беше објавено на англиски и арапски јазик.

Шентоп во својата објава укажа на следниот акцент во соопштението на Парламентарната унија на Организацијата за исламска соработка (ОИС): „Ерусалим (Кудс) и нашите свети простори се нашата црвена линија. Ќе продолжиме постојано да ги осудуваме агресивните операции на Израел со кои се има за цел да се промени статусот на Ерусалим (Кудс) и на Харем-и Шериф, како и иницијативите за насилно одземање на легитимните права на палестинскиот народ.“

 



Слични вести