Израелската полиција утрово повторно интервенираше врз Палестинците во Месџид-и Акса

Израелската полиција утрово повторно интервенираше врз Палестинците во Месџид-и Акса при што беа повредени уште 10 Палестинци

1636774
Израелската полиција утрово повторно интервенираше врз Палестинците во Месџид-и Акса

Израелската полиција утрово повторно интервенираше врз верниците кои излегуваа од клањање на сабах намаз (утринскиот намаз) во Месџид-и Акса. 

Во интервенцијата со пластични куршуми и звучни бомби се повредени 10 Палестинци. 

По клањањето на сабах намаз (утринскиот намаз) во Харем-и Шериф стотици лица се собраа на местото помеѓу Месџидот на киблата и Кибету'л Сахра кадешто отворија знамиња на Палестина и Хамас.

Стотици лица извикуваа слогани „Ќе го жртвуваме нашиот живот, нашата крв за тебе еј Акса“ и „Сите ние сме Шејх Џерах“ (име на маалото во Источен Ерусалим [Кудс] од каде Израел сака да ги извади Палестинците од своите домови), а потоа се упатија кон Лавовската порта и Портата Хута на Ал Акса.

Израелската полиција која чекаше надвор од овие наведени две врати врз верниците кои излегоа од Месџид-и Акса интервенираа со пластични куршуми и звучни бомби.

Палестинските младинци пак, врз израелската полиција фрлаа со камења и шишиња.

Според објавеното соопштение од палестинската Црвена полумесечина, за време на интервенцијата беа повредени со пластични куршуми 10 мина Палестинци.

Освен тоа од страна на израелската полиција беа притворени и неколкумина палестински младинци.

По интервенцијата којашто траеше приближно половина час состојбата се нормализира.

И за време на вчерашната интервенција на израелската полиција врз Палестинците во Ерусалим (Кудс) беа повредени 90 лица, додека палестинската Црвена полумесечина соопшти дека меѓу повредените се наоѓаат и едно едногодишно бебе и деца.

Исто така израелската полиција завчера упадна во Месџид-и Акса кадешто интервенираше врз верниците и притоа беа повредени повеќе од 205 лица.

 



Слични вести