Реакција од Волкан Бозкир на нападот на израелската полиција врз верниците во Месџид-и Акса

Претседателот на 75. заседание на Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир покажа реакција на нападот на израелската полиција врз верниците во Месџид-и Акса во Источен Ерусалим (Кудс)

1636369
Реакција од Волкан Бозкир на нападот на израелската полиција врз верниците во Месџид-и Акса

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против интервенцијата на израелската полиција со звучни бомби во Месџид-и Акса во Источен Ерусалим (Кудс). 

Бозкир упати повик да се покажува почит кон сите места за верски обред, вклучувајќи го и Месџид-и Акса. 

Волкан Бозкир во пораката напиша: „Чувствувам жалење од упадот на израелската полиција со звучни бомби во Месџид-и Акса во Ерусалим (Кудс) на последниот петок (џума намаз, петочната молитва) од светиот месец Рамазан. Повикувам да се почитуваат сите места за верски обред вклучувајќи го и Месџид-и Акса, кој е свет и значаен за 1,8 милијарди муслимани.“

 



Слични вести